Во денешно време љубовните и сексуалните односи се толку збунувачки што никогаш не знаете на што сте. Еве како можете да препознаете дали тој со вас сака нешто сериозно или ве доживува само како секс играчка со која ги здоволува своите фантазии.

1. Ја прескокнува предиграта - Колку пати сте направиле сè за негово задоволство и пред главниот дел, а тој никогаш не ви ја возвратил услугата?

2. Не ве запознава со пријателите - Да сака да бидете дел од неговиот живот, тие се првите личности со кои би ве запознал.

3. Никогаш не ви поставил прашање за вашите интереси и хоби - Не го интересира како ви е на работа, што правите во слободно време, ниту во каков однос сте со родителите. Го интересира само кога сте слободни за дружење.

4. Ви праќа пораки, но само за да провери кога сте слободни - Погодувате, за дружење кај вас или кај него, не за излегување на вечера или кино.

5. Никогаш не прави планови - „Ќе видиме” е реченица која најчесто ја слушате од него.

6. Внимава да не заборавите ништо - Во неговиот автомобил или кај него дома – од шноли и стегачи за коса, до јакна, бидејќи не е сигурен дали повторно сака да ве види.

7. На сè дава сексуална конотација - Шеги, гушкања, бакнежи… Тој не го познава зборот романтика. Сите такви работи кај него се увертира во секс.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:25