Одлуката да предложат брак неспорно е еден меѓу најважните чекори во животот на мажот. И освен пријатните емоции кои го придружуваат овој настан, тој е поврзан и со многу голема тензија. Што се врти во главата на секој маж за оваа пресвртница во неговиот живот?

1. Што ако не и се допадне прстенот?

Таа можеби навестувала за некои параметри, но кога ќе се судрат мажите со огромниот избор на прстени главоболките неспорно започнуваат. Различни големини, скапоцени камења, карати, благородни метали… за некои од нив веројатно дури и не слушнале до тогаш. Тоа сосема ги збунува и конечно на крајот од овој процес останува само надежта дека изборот е доволно добар за да ја зарадува сакана.

2. Таа ќе каже „да“, нели?

Без разлика колку се убедени во поволниот развој на настаните, секогаш во главите останува идејата за дури и минимална веројатност да се случи спротивното.

3. Прстенот требаше да се стави на десната рака?

Во таквите моменти една од последните работи за кои мислат мажите е која беше раката на која што треба да се стави вереничкиот прстен. Во овој момент неговото ставање на вистинскиот прст е чиста победа, имајќи во предвид дека до последниот момент се прашувале кој прст е правилниот.

4. Можеме ли да си дозволиме свадба?

Откако ќе ја отфрлат можноста од одбивање, доаѓаат на ред да се пресметаат трошоците кои претстојат – свадбата. Доволна причина за повторна загриженост.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:26