Јаткастите плодови се важен дел од исхраната, било само да се користат како грицки или пак како додатоци на јадењата. Едни од нив се оревите кои многу често се употребуваат за правење торти и слатко. Тие се ставени на листата најздраво овошје кое во себе крие многу лековити својства.

Оревите за некого би можеле да бидат од исклучително животно значење, бидејќи претераниот биолошки одговор на стресни ситуации, воочен кај возрасните личности, го намалуваат ризикот за развој на срцеви болести.

Оревите се многу здрави, а посебно се корисни за кардиоваскуларниот систем, бидејќи се богати со омега 3 масни киселини, со витамини и минерали, а со оглед на калоричноста, тие се и извор на енергија. Помагаат за јакнење на кожата, косата и ноктите, ја подобруваат концентрацијата и меморијата и го зголемуваат либидото.

Секој здрав режим на исхрана вклучува консумирање на јаткасти плодови затоа што тие се полни со антиоксиданси коишто се борат против штетните слободни радикали во телото.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:28