Сирењето е траен млечен производ кој има голема енергетска и биолошка вредност. Еве неколку совети зошто секој треба да јаде сирење:

1.Сирењето е богато со протеини, цинк,магнезиум, витамин А и многу многу витамини од Б – витаминскиот комплекс.

2.Заради пореток извор на КЛК , масна киселина која ги уништува слободните радикали, спречува појава на дијабет, го намалува нивото на холестерол, и го јакне имунолошкиот систем (ова се однесува на сирењето кое има малку масленост)

3.Ако сте на диета секој ден треба да се јаде по парче сирење зошто КЛК ги редуцира вишокот на маснотиите.

4.Сирењето е одличен извор на калциум, кој е неопходен за одржување на здравјето на коските и спречува настанување на остеопороза. Сирењето, исто така го стимулира лачењето на плунката која заедно со калциумот не дозволува да дојде до расипување на забите.

5.Во старото сирење дури може да се каже дека нема лактоза ,така да како такво преставува идеален извор на калциум и сите оние кои не можат да конзумираат млеко од една или друга причина можат без проблем да јадат сирење.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:28