Некои рчат додека спијат, други имаат кошмари, трети спијат „како бебиња“, ама има и такви кои имаат оргазам за време на спиењето.

Сексоманија не е исто како кога имаме секс. Сексоманијата е однесување за време на спиењето односно подразбира брзо дишење, гласно стенкање, мастурбирање или принудување на партнерот со кој го делите креветот да имате секс.

Откако се разбудиле, најчесто, таквите лица не ни паметат како ја поминале ноќта.

Експертите велат дека станува збор за сериозен психијатриски проблем кој бара дисциплиниран третман, и ги советуваат сите оние кои имаат ваков проблем да побараат помош од лекари и психотерапевти.

Ваквата ситуација најчесто е предизвикана од потиснати проблеми или неможност да се излезема на крај со секојдневниот стрес. Исто така, лекарите советуваат дека ако забележите дека вашиот партнер се однесува вака за време на спиењето, не треба да се обидувате да го разбудите, туку да го смирите и да му кажете сè откога ќе се разбуди. Ако тој не ви верува, снимете го следниот пат и водете сметка колку често повторува.

Сексоманија првично може да изгледа како забавна појава, но може сериозно да ја загрози врската со текот на времето. Тоа се луѓе кои се, всушност, месечари и кои се непредвидливи.

За среќа, ова е ретка појава. Точниот број на луѓе кои страдаат од сексомија во светот е непознат, но познато е дека четири проценти од луѓето во Велика Британија страдаат од ова нарушување и поверојатно е да се појави кај мажите отколку кај жените.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2020 03:29