Ликовниот уметник Спасе Перовски денеска во Младински парк во Велес со почеток во 19 часот го изложува уметничкиот проект „Зошто“. Настанот ќе трае до 19:45 часот.

Иницијалната идеја за отпочнување на тримесечен партиципативен перфонманс со елементи на социјално-политичко структурирање ја започнува на 28 март 2016 година кога лидерите на политичките партии се договорија дека во тековната година ќе се одржат парламентарни избори.

Ова не е политички проект туку ликовно дело кое има директна врска со еден изборен циклус. Делото го реализира три месеци пред парламентарните избори во 2016 година, а завршува два дена пред тогашните избори.Секој ден во 18 часот во Младински парк – Велес, отпечатено на А4 формат бела хартија поставува прашање кое во текот на реализацијата опфаќа две проблематики и тоа: култура и влијанието на општествено – политичката состојба врз неа низ погледот на уметникот и тогашната политичка сосотојба со целото влијание врз неговата уметност, егзистенција интегритет и семејство.

Во рамки на изложбата која ќе се одржи денеска два дена пред парламентарните избори закажани ќе бидат изложени дневни весници Слободен печат (септември – декември 2016 година), 91 прашање (септември – декември 2016 година) и 91 примерок од книга „Зошто“ (сублимат од перформансот, отпечатена 2020 година), како линија во отворен простор долга 27,3 метри.

Со оглед на светската здравствена криза предизвикана од COVID 19, авторот инсистира партиципиентите да се придржуваат до мерките и препораките од СЗО и Влада на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2020 10:51