Нови протести се закажани против владата за денеска во Софија, Варна, Бургас, Стара Загора, Хасково и неколку други градови во Бугарија.

Главните барања на демонстрантите се оставката на владата и главниот обвинител.

Протестите досега се мирни. Зголемено присуство на полицијата има во сите градови.

Слоганите под кои протестираат се – „Протестирам за да не емигрирам“, „Сакаме иднина за нашите деца“, „Бугарија на народот, а не на мафијата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2020 21:33