Според податоците на Државната Изборна Комисија во Куманово излезноста до 19:00 часот e 43,5, во Липково 38,25, а во Старо Нагоричане 45,37 проценти. Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово, Драган Јовановски.

Изборите ги спроведуваат 167 избирачки одбори.

Претседателот на ОИК Липково, Лирим Јашари информираше дека во општината, право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места.

Претседателот на ОИК Старо Нагоричан, Драган Јовановски информираше дека право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 20:50