До 20:45 часот на гласање на денешните парламентарни избори излегле 922.678 граѓани со право на глас, односно одѕивот е 50,86 проценти, објави вечерва Државната изборна комисија. Обработени се податоци од 3.466 од 3.480 гласачки места.

Според податоците што ги објави на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски, најголема излезност има во Четвртата изборна единица – 59,79 проценти, а најмала и понатаму останува Шестата изборна единица со 39,23 проценти.

Во Првата изборна единица излезноста е 52,17, во Втората е 47,97 проценти, во Третата 57,31 и во Петтата 50,16 проценти.

По првпат годинава поради пандемијата гласањето е продолжено за два часа од вообичаеното, односно ќе се гласа до 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 21:34