Заврши гласањето за предвремените парламентарни избори во општините од Малешевскиот регион. Според информациите на заменик претседателот на ОИК, Љупчо Бошнаковски, процентот на излезност во Берово до 20:30 часот изнесува 63,26 проценти.

– Во Берово до 20:30 часот од вкупно запишаните 10797 гласачи излегле 63,26 проценти или 6823 гласачи. Гласањето помина во најдобар ред на сите 17 избирачки места, истакна заменик претседателот на ОИК Љупчо Бошнаковски.

Слична е состојбата и во Пехчево каде до 20:30 часот гласале 65,35 проценти од гласачите.

– Од вкупно запишаниот број на гласачи 4092, гласале 2674 или 65,35 проценти, истакна Андреј Каракашев претседател на ОИК Пехчево.

На вкупно девет избирачки места во оваа малешевска општина, како што додаде Каракашев, гласањето поминало во најдобар ред.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 21:34