Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција оцени дека изборниот ден помина одлично, со мали исклучоци.

-Денешниот изборен ден помина во исклучително сложена ситуација во земјава, но помина одлично со мали исклучоци кои во текот на денот заедно со вас ги расправавме. Можам само да им честитам на граѓаните за изразениот демократски капацитет што го покажаа во овој изборен ден, рече Дерковски



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 21:34