Точно во 21:00 часот затворени се сите 84 избирачки места во општина Велес, 11 избирачки места во општина Градско и 30 избирачки места во општина Чашка.

Во општина Велес според информацијата од ОИК Велес до 20:30 минути гласале 53,5 отсто, во општина Градско според ОИК Градско 60,38, а во Општина Чашка според ОИК Чашка 62,83 проценти од гласачите

Во сите избирачки места, гласањето на вонредните Парламентарни избори 2020 помина во мир и демократска атмосфера и без инциденти, изјавија за МИА, претседателите на сите три Општински изборни комисии.

Во моментов по затворањето на избирачките места, претставниците на Избирачките одбори ги пребројуваат гласовите, а по што гласачките кутии ќе ги достават до ОИК на верификација.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 21:47