Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на уставот и на законите.

Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граќаните со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев додаде дека биле приведени 8 лица за изборни прекршоци.

Според Чулев, најмногу, односно 38 настани биле регистрирани на подрачјето на СВР Струмица



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 22:03