Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи на втората прес-конференција по завршување на изборниот ден наброја неколку градови и општини каде, според него, партијата извојувала убедлива победа.

– Во оваа прилика ќе ги набројам само местата каде според пристигнатите резултати имаме убедлива победа. ДУИ победува почнувајќи од Тетово со убедлива победа во сите избирачки места, голема разлика се бележи во Сарај, Чаир, Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа и Сопиште, изјави Османи.

Неговата прес-конфренција беше бурно поздравена од присутните активисти кои во голем број пристигнаа во дворот од објектот на седиштето на ДУИ во Мала Речица.

Висар Ганиу пак на фејсбук објави видео од прослава во Чаир на кои може да се слушнат и рафали,



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2020 23:02