Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија од обработени 3.130 од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 272.881 глас или 36,15 отсто, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 262.168 гласа или 34, 73 отсто.

За ДУИ гласале 86.816 или 11,5 отсто, за Албанците и Алтернатива 66.193 или 8,77, за Левица 29.851 или 3,95, за ДПА 11.021 или 1,46 и за Интегра 10.082 или 1,34 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 01:22