Покрај нападите на сајтот на ДИК, хакерска група ноќва го хакираше и агреторот на вести Тајм.мк.

На веб страната на агрегaторот се појавува фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не“.

– Поминаа уште едни „демократски избори“ и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група.

Поставената слика за брзо беше отстранета.

Сопственикот на тајм за првиот хакерски напад врз оваа страна, Игор Трајковски, на твитер информираше дека некој фрлил многу пари за да гo направи овој хакерски напад.

- Досега cloudflare блокираше 3М ip адреси. Уште нови се појавуваат. Ваков DDOS до сега не сме имале. Некој фрлил многу пари да го прави ова, напиша Трајковски.

Вечерва и претседателот на ДИК, Оливер Дерковски соопшти дека веб страната на Комисијата најверојатно е цел на „надворешен хакерски напад“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 01:46