Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Нагласи дека волјата на народот победила, граѓаните гласале за сигурна иднина.

-Граѓаните излегоа и гласаа за сигурна иднина, за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда, излегоа граѓаните и избраа подобро денес и подобро утре. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно „не“, порача Заев.

Нагласи дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 02:14