Согласно последните информации од Државната изборна комисија, на обработени речиси 99% од избирачките места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ освои 321.373 глас или 36,07%, а Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 310.162 гласа или 34, 81 отсто од вкупниот број на гласови.

За ДУИ гласале 101.284 или 11,37 отсто, Алијансата за Албанците и Алтернатива 76.313 или 8,57, за Левица 37.057 или 4,16, за ДПА 13.553 или 1,52 и за Интегра 12.136 или 1,36 отсто, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Согласно симулацијата на ДИК, која не е официјална, во пратенички мандати пресликано тоа би значело дека СДСМ освоила 46 пратеници, ВМРО-ДПМНЕ 44 пратеници, ДУИ - 15, Алијанса за Албанците 12, Левица 2 и ДПА 1.

Сепак, напоменуваме дека Државната комисија напомена дека симулацијата на пратенички мандати можно е да не е точна и поради тоа за денеска најави официјално соопштување на бројот на пратеници кои партиите го добиле на предвремените парламентарни избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 07:20