На денот на изборите на бесплатната телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право, регистрирани се вкупно 60 јавувања, вели во изјава за МИА Зоран Билбилоски државен советник во Канцеларијата на народниот правобранител.

Наголемиот дел, односно 50 јавувања, како што посочи тој, биле за оневозможување на избирачкото право – лицата не се запишани во Избирачкиот список.

-Од Народниот правобранител утврдено е дека сите овие лица на денот на гласањето имаат важечки лични карти/пасоши, но бидејќи истите ги подигнале по завршувањето на јавниот увид во Избирачкиот список од ДИК согласно одредбите од член 43, став 6 од Изборниот законик и соодветната уредба на Владата, не биле запишани во избирачкиот список по службена должност, посочува Билбиловски.

Останатите јавувања, како што додава, се однесувале за оневозможување на остварување на избирачкото право на: лица сметени во старски дом, на лица со оштетен вид, на лица од категоријата болни и немоќни, за неправилност во работењето на изборните органи (избирачки одбори), за неинформираност за промена на просториите за гласање и за несоодветност на условите во кои се гласа.

-Регитрирани беа јавувања и за недозволено вршење агитирање од претставници на политички партии, како и за поткуп на гласачи, вели Билбилоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 14:54