Не очекува тензичен период, но кој и да состави Влада таа нема да биде стабилна, констатира новинарот Драган Павловиќ-Латас.

-Факт е дека кој и да состави влада таа не може да биде стабилна, и догодина ќе имаме нови избори. Факт е дека Македонците загубија на овие избори и тоа што сега го изгубија никогаш нема да може да го вратат. Можеби на некои наредни избори, или догодина може да се санира дел. И на овие избори можеше да се спаси или санира остатокот да не биде предаден- но со овие резултати Македонија е чекор поблиску до федерализација, оцени Павловиќ во синоќешната Отворена програма на Алфа по повод изборниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 17:45