Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес-конференција изјави дека е прашање на политички проценки и договарања дали СДСМ ќе коалицира со ДУИ за формирање на парламентарно мнозинство и за Влада.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спасовски упати на одговор во партијата.

– Јас само можам да кажам дека се што е потребно да се направи за доброто на државата и на граѓаните, да се направи во следниот период. Да покажаме уште поголема одговорност и дека интересот на граѓаните и на државата е на прв план, истакна Спасовски на прес-конференцијата во Владата на која даде оценка за вчера одржаните предвремени парламентарни избори и изнесе очекувања дека наскоро ќе се формираат новото собрание и влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 17:54