Согласно првичните резултати на Државната изборна комисија кои се уште не се конечни поради процедурите за поднесување на приговори, во Изборната единица 1 коалицијата предводена од СДСМ и БЕСА освоила 54.578 гласови, односно осум пратенички места а во пратеничките столчиња од оваа коалиција ќе седнат: Никола Димитров, Мила Царовска, Дамјан Манчевски, Моника Зајкова, Дарко Каевски, Горан Мисовски, Кастриот Реџепи и Марија Георгиевска.

Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ доби 50.564 гласови односно седум пратеници. Гордана Силјановска - Давкова, Тимчо Муцунски, Синиша Стојановски, Бети Стаменковска Трајковска, Љупчо Димовски, Љупчо Пренџов и Велика Серафимовска - Стојковска ќе бидат пратеници од оваа изборна единица како претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев ќе добие едно пратеничко место според изборот на граѓаните од ИЕ1, додека останатите 4 пратеници се делат помеѓу ДУИ и коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива. Скендер Реџеп и Абдула Салиу ќе бидат претставници на АА-ААА додека поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и поранешниот директор на Институтот за јавно здравје кој министерот за здравство Филипче го смени непосредно пред изборите и внук на Насер Зибери. кандидатот за прв премиер Албанец, Арбен Зибери, ќе бидат претставници на Демократската унија за интеграција.

Во изборната единица 2, пратеничките мандати се еднакво поделени и во Македонскиот блок и во Албанскиот блок на гласачи.

Оливер Спасовски, Сања Лукаревска, Мухамед Зеќири, Даниела Марковска, Мартин Костовски, Љатифе Шиковска и Бастри Бајрами се избрани од редовите на СДСМ и БЕСА додека Владо Мисајловски, Рашела Мизрахи, Бране Петрушевски, Иван Стоилковиќ, Жаклина Пешевска, Дарко Костовски и Бојан Стојановски се избрани од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, Ељми Азири и Сафије Шаини Садики ќе ги бранат партиските бои на коалицијата АА-ААА додека Арбер Адеми, Берат Ајдари и Мерита Коџаџику - Колчи ќе бидат претставници на владечката ДУИ.

Изненадувањето во изборната единица 3 оди на контото на политичката партија Левица, односно носителот на листата во оваа ИЕ Борислав Крмов. Со освоени 6939 во „верниот исток“ Левица го доби и вториот пратеник во Собранието. Останатите мандати се поделија помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ каде што опозицијата доби 10 додека власта 9 мандати.

Игор Јанушев, Иван Јорданов, Благица Ласовска, Иванка Василевска, Стојан Миланов, Игор Здравковски, Миле Лефков, Никола Мицевски, Даниела Христова и Марија Петрушевска ќе бидат претставници на ВМРО-ДПМНЕ додека Љупчо Николовски, Јагода Шахпаска, Сашко Николов, Маја Морачанин, Ненад Коциќ, Соња Михаиловска, Љупчо Балковски, Марија Ангелова и Илија Николовски ќе бидат претставници на СДСМ и нивната коалиција.

Во тешка битка на „гостински терен“, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски не загуби од Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев. Мандатите се изедначени во изборната единица 4 а покрај Николоски и Заев во Собранието место добиваат и Ане Лашкоска, Дајанчо Ефтимов, Ели Панова, Зоранчо Јованчев, Петар Ристески, Здравко Трајанов, Ангелинка Пенкова, Златко Пенков и Јадранка Поцкова како дел од коалицијата „Обнова за Македонија“ и Соња Мираковска, Миле Талевски, Даниела Колева, Панчо Минов, Марија Костадинова, Костадин Костадинов, Лолита Ристова, Павле Трајанов и Коле Чаракчиев како дел од коалицијата на СДСМ и БЕСА.

Во „5-ката“ ДУИ ја победи коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива освојувајќи два пратеници повеќе, односно, 3 пратенички мандати доби владеачката партија наспроти 1 мандат кој отиде во албанската опозиција. Досегашниот претседател на Собранието Талат Џафери како и Исмаил Јахоски и Арбана Пашоли влегуваат во Собранието како народни избраници од редовите на ДУИ додека честа на АА-ААА ја одбрани Сурија Рашиди.

Што се однесува до македонскиот блок и во овој случај распределбата на мандати помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е изедначена. Радмила Шекеринска, Јован Митрески, Бисера Стојчевска Костадиновска, Лазе Таневски, Бети Наумовска Рабаџиевска, Енес Ибрахим, Боби Мојсовски и Жаклина Лазаревска ќе седнат во „плавите“ столчиња додека Игор Дурловски, Антонијо Милошоски, Силвана Ангелевска, Кирил Пецаков, Јован Јаулески, Олга Лозановска, Ѓорѓија Сајкоски и Лидија Петкоска ќе седнат во „црвените“ столчиња.

Изборната победа на актуелно владеачката партија СДСМ се случи во изборната единица 6 каде што со помош на албанските гласови ја направи разликата од 2 пратеници во однос на ВМРО-ДПМНЕ. Биљал Касами кој еднаш беше во владина коалиција со Зоран Заев па потоа му откажа „љубов“ и кој ги загуби локалните избори како кандидат во Тетово, овој пат како носител на листата во оваа изборна единица заедно со Фаница Николовска, Бејџан Иљас и Фадил Зендели му „донесе“ изборна победа на СДСМ. Покрај Дафина Стојановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот ќе влезе и Александар Велјановски како народен избраник од изборната единица 6.

Тесната победа на ДУИ во оваа изборна единица ја донесоа лидерот на партијата Али Ахмети, Фљорин Бесими, Арта Зендели - Билали, Насер Нуредини, Бајрам Реџепи, Вјолца Адеми и Бајрам Кадрија.

Зиадин Села, Атнан Незири, Илире Даути, Хусни Исмаили, Халил Снопче и Артина Ќазими ги добија шесте пратенички мандати како дел од коалицијата АА-ААА.

Во парламентот, традиционално, од оваа изборна ќе седне и Мендух Тачи, претседателот на ДПА, кој согласно извештаите е еден од најмалку активните пратеници во пленарните дискусии и еден од пратениците со најмногу отсуства од собраниските седници.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2020 08:05