Изневерувањето е меѓу најлошите работи што може да му ги направите на Вашиот љубовен партнер/ка. И, тоа не мора да биде физички контакт… Има и т.н. „апстрактни“ облици на неверство.

Порталот „Кликс“ говори за неколку од нив…

Претерана блискост со добар пријател

Традиционалните сфаќања говорат дека љубовната врска се заснова меѓу две лица, не повеќе. Така што, ако едно од нив е блиско и во долга пријателска или платонска врска со некој од спротивниот пол, тоа не дава за право да се појави и нешто повеќе од пријателство со таа личност, па дури и тоа да е „безопасно флертување“. Во овој случај, тенка е линијата меѓу апстрактно и физичко неверство.

Флертувате на Интернет или офлајн?

Постои линија меѓу пристојност и флертување. Ако сте во врска, против правилата е какво било флертување, било тоа да е во живо или пак, „само“ преку Интернет. Дури и кога Вашиот партнер никогаш не дознава за тие „ненамерни“ флертови, сепак се смета за неверство.

Разговор за проблемите во Вашата врска со човек што тоа не го засега

Се соочувате со проблеми во врската, па сакате да се пожалите на некого? – Не правете го тоа! Иако е убаво да се има доверба во пријателите, „вербалното разголување“ пред кого било, не е пожелно. Решете ги проблемите со Вашиот партнер и зачувајте си ги во Вашите четири sида.

Фантазирате за друга личност?

За многумина, само мечтаењето, па дури и размислувањето за друга личност е погрешно и – се смета за еден вид „неверство“. Доколку партнерот/ката повеќе не Ве привлекува, како што советуваат стручните лица, подобро е што порано да ја прекинете таа врска, пред да направите погрешен чекор, па сѐ тоа да испадне поболно отколку што треба да биде.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2020 13:30