Вкупно 82 приговора се поднесени до 21 часот вечерва, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).

Најголем број од приговорите, 74, се од Алијанса за Албанците, еден е од Глас за Македонија, додека два се од ВМРО-ДПМНЕ. ДИК не прецизира на што се однесуваат приговорите од Алијанса за Албанците, но оние од ВМРО-ДПМНЕ вели дека се за сумирање на резултатите.

Претходно, во текот на денот, до ДИК пристигнаа пет приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето.

До 21 часот вечерва можеа да се поднесуваат приговори за постапката на гласање, додека за сумирањето и утврдувањето на резултатите приговори може да се доставуваат до утре, до 19 часот и 30 минути.

Роковите за приговори почнаа да течат синоќа, кога беа објавени неофицијалните конечни резултати.

По завршување на роковите за поднесување приговори, ДИК ќе закаже седница на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2020 00:32