Управниот суд одби 40 од поднесените 75 тужби од Алијанса за Албанците и Алтернатива, и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија, информираа за МИА од Управен суд.

Одбиена е и една тужба поднесена од ИНТЕГРА. Истовремено до Управниот суд, е поднесено тужба од страна на Социјалдемократската унија.

Во тек на денешниот ден до Управен суд, исто така, се поднесени 101 тужба од Левица.

Рокот за поднесување тужби до Управниот суд е 24 часа откако политичките партии ќе ги добијат решенијата од Државната изборна комисија за отфрлање или одбивање на приговорите поднесени од политичките партии за предвремените парламентарни избори.

По одлуката на Управниот суд и добивањето на евентуалните одлуки од Уставниот судот, за заштитата на избирачкото право, во ДИК, согласно законот, Комисијата ќе ги објави официјалните конечни резултати од предвремените парламентарни избори. Потоа ДИК ќе им издаде уверенија на избраните пратеници. Крајот рок за одржување на конститутивната седница на Собранието е 4 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 22:53