Изборниот процес, жалбите поднесени до ДИК и Управниот суд биле дел од темите за кои се разговарало на денешната средба на претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села со евроамбасадорот Самуел Жбогар, и амбасадорите на Франција и на Германија, Кристијан Тимоние и Анке Холштајн.

На средбата е разговарано за изборниот процес, при што, како што соопштуваат од партијата, биле дадени сериозни забелешки од Села „за организираниот изборен инженеринг од страна на ДУИ“.

На средбите се разговараше и за судските постапки иницирани од коалицијата „Сега е времето“, жалбите поднесени до ДИК, Управниот суд, како и за најавените протести во понеделник под мотото „Избори ДА, крадење НЕ“.

– На средбите беше покажан посебен интерес за идниот состав на владата, како и за факторингот и легитимната улога на коалицијата АА-А. Села ги извести амбасадорите дека владеењето на правото, интеграцијата на земјата во ЕУ, економскиот развој ќе бидат политички приоритети, за да се обезбеди подобар живот на граѓаните и еднаква држава за сите, се вели во партиското соопштение од АА-А.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 22:54