СДСМ е во привидно водство, вака накусо ја анализира ситуацијата аналитичарот Агим Јонуз, постизборно.

-Ситуацијата на привидно водство на СДСМ од два пратеника е ситуација од која било кој може да тргне во некаква позиција, реалната ситуација е пата пата. Проблем е политичкиот консеквенс од сето тоа, значи ниту ќе имаме јака позиција, ниту јака опозиција, вели Јонуз за Алфа.

Во овој момент после јасните позиции изразени од останатите играчи од албанската политичка заедница во земјава, дискутабилно е дали 4-те пратенички мандати во коалицијата „Можеме“ на Беса воопшто ќе останат на страната на Заев, односно СДСМ. Од друга страна пак ВМРО ДПМНЕ има почиста победа што се однесува до неговите кандидати оти само 4-ца пратеници не се членови на партијата. Во колаицијата предводена од Заев 12 мандати се од коалиционите партии.

-Партијата БЕСА направи еден лупинг кој што е многу корисен за самата партија, затоа што доколку тоа не го направеше тоа ќе беше мртва партија. Она што БЕСА го доби е лотарија и со својата лотарија може да прави што сака, смета Јонуз.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 23:19