Генералниот секретар на ДУИ Артан Груби на својот фејсбук профил порача дека е време за умереност и смиреност и оти треба да се засукаат ракавите со цел да се продолжи со евроатлантскиот пат.

– Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел силно да продолжиме на нашиот евроатлантски пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот, но и економското закрепнување за да се поправат последиците од Ковид-19 со воспоставување на одговорни институции, пишува Груби на Фејсбук.

ДУИ на предвремените парламентрани избори освои 15 пратенички места. Во кампањата и по изборите досега како услов за владино коалицирање го поставува барањето за премиер Албанец, а нивни кандидат за таа позиција го предлагаат Насер Зибери.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 23:19