Дали во август ќе добиеме нова македонска влада? Кој ќе ја состави и предводи? Дали ќе успее обидот за пуч во ВМРО ДПМНЕ? Дали Зоран Заев заминува трајно од политиката? Ќе има ли реформи во судството и обвинителството и кои ќе бидат последиците? Ќе има ли пари за пензии, плати и опстанок на малите компании на есен?

Ова се прашања кои ја мачат нацијата, а ние же понудиме одговори на нив.

За мандат:

Резултатите од изборите се познати, на двете политички страни гласовите за мандат се израмнети: СДСМ со Беса има 46 пратеници (42+4), ВМРО ДПМНЕ со поддршка од Левица, која подршката ќе ја даде но, нема намера да влезе во новата влада, исто така има 46 пратеници (44+2). Ова значи дека никој нема предност за добивање мандат од претседателот Пендаровски ако, претходно, со некоја од албанските партии не обезбеди најмалку 61 потпис за поддршка. Преговорите се во тек.

Кој е поблиску до влада:

Иако бројот на пратеници со досегашна поддршка во стартот е ист, шансите за состав на новата влада се различни. Она што го знаеме е дека ДУИ е побиску до коалиција со ВМРО ДПМНЕ отколку со СДСМ. Причините се политички но, и лични.

СДСМ им одземаше гласачи и со албанските гласови вршеше обид за уривање на ДУИ и Алијасната на Села што е темелна политичка закана за нив. Без доминација врз албанските гласови ДУИ и Алијансата немаат причина за постоење, ниту влијание. Од овие избори, па натаму, СДСМ нема да може да ги урува на тој начин, а партијата на Заев поради албанизација загуби гласови меѓу Македонците, Србите, Турците, Бошњаците...

Личните причини на ДУИ се длабоки и не се простуваат. Со години функционери на СДСМ продаваат нивни приватни телефонски разговори по Македонија и Косово, а Зоран Заев и неговите соработници дозволуваа и поттикнуваа нивно објавување за да го држат ДУИ во страв и под контрола. Само во СДСМ ги имаа разговорите. Таа валкана политика има и своја цена, а денот на наплата е дојден.

Но, освен оваа, постои и можност за широка влада. Шансите за составување влада се следни: 40% шанса за составување влада има ВМРО ДПМНЕ, 40% да биде широка влада и 20% владата да ја состави СДСМ. Доколку ВМРО со ДУИ состави влада очекувано е дека премиер нема да биде Насер Зибери, но за таква комбинација и ВМРО ДПМНЕ ќе мора да ја плати цената од своја страна во смисол на мандати и кадровски решенија.

Доколку СДСМ успее со своите 20% шанси да состави влада со ДУИ премиер ќе биде Насер Зибери. Во таков случај Беса станува маргинална сателитска партија и до локалните избори ќе го загубат гласачкото тело. СДСМ би продолжиле со сопствена албанизација на сметка на земање гласачи од Беса и Алијансата и, секако од ДУИ, а локалните избори се веќе догодина, па штетата ќе им се случи онаму каде што најмногу имаат интерес.

Зошто широка влада има големи шанси

На овие парламентарни избори најголемо влијание има од Брисел, пред се од Германија и Франција. Влијанието на САД, стандардно најголемо кога е Македонија во прашање, во оваа прилика е помало затоа што САД го потрошија кај Германците и Французите својот балкански кредит по смената на владата во Косово.

Според наши сознанија, Заев и Шеќеринска тоа доцна го разбрале. Од денес, па наназад месец-два, има серија средби помеѓу битните европски амбасадори, Зоран и Вице Заеви како и неколку функционери на СДСМ на кои им е објаснето дека Зоран Заев и неговата фамилија мора да заминат од политиката, без оглед на резултатот на изборите, пред се заради огромен степен на корупција и злоупотреба на обвинителството и судството.

Според Брисел, широка влада се подразбира помеѓу ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Алијанса со Алтернатива и Беса, а во опозиција би останале ДУИ и Левица. Владата е планирана за цел мандат, а премиери би се менувале на година или две од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. За Брисел, прифататливо е премиер од СДСМ да биде поранешниот вмровец Никола Димитров, Од ВМРО прифатлив е Христијан Мицкоски.

Заев го знае ова, побарал да остане во политиката откако ќе даде оставка на позција шеф на партија и да биде министер за финансии. Одбиен е. Буквално му е речено дека ризикува целосен распад на империјата Заеви и отварање низа судски процеси против него и неговите блиски во фамилијата кои се вклучени во големите корупции. Останува Зоран Заев да одлучи дали ќе го прифати ризикот.

Широката влада на ЕУ и е потребна заради почеток на преговорите за што датум се очекува во првиот квартал по Нова година. Без поделба во политиката и општеството полесен е процесот на почнување преговори како и реформи во судството и обвинителството кои би морале да ги спроведуваат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ заедно. Според Бриесл, широката влада би имала и повеќе шанси за справување со економската криза која следи, иако ова последново е прилично дискутабилно.

Оваа опција има барем за промил најголема шанса за реализација, освен ако не дојде до брз и конкретен договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за коалиција и нова влада што, од своја страна, е најдобро решение за справување со економската криза во најава.

Целиот текст може да се прочита на вечер.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 23:19