Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ од пазарот ќе повлече 155.000 автомобили заради проблеми со клима уредите и системите за спречување на пролизгување ЕСП, соопшти компанијата „Дајмлер АГ“, сопственикот на „мерцедес“.
Како што беше најавено, од пазарот ќе бидат повлечени 135.000 возила од класата „ А “ заради можни проблеми со клима уредите.
Уште 20.000 луксузни и спортски модели на „мерцедес“ од чешката компанија АМГ ќе бидат повлечени заради можни проблеми во функционирањето на системот ЕСП.
Меѓу проблематичните АМГ возила се класата-Ц , ГЛС и супертспртоскиот модел АМГ ГТ, се наведува во соопштението на „Дајмлер АГ“.
Портпаролот на „Даимлер АГ“ за неколку германски медиуми изјави дека во двата случаја имало мали дефекти, за што поправките траеле околу половина час.