Лидерот на СДСМ Зоран заев е уверен дека ќе успее да формира стабилна и успешна влада со мандат од четири години.

-Ова го темелиме на основ на бројките. Бројките се доволно големи за да бидат гаранција за стабилна влада. Вториот аргумент е моето лично верување во успехот на работењето на оваа влада во услови кога немате проблем со Грција, немате проблем со Бугарија, а внатрешно Македонци, Албанци и сите други заедници ги имаме надминато најголемите проблеми кои ни се влечеле во минатото. Сега останува мегданот да работиме дома. Тоа е мој терен. Повеќе министер за надворешни работи нема да биде Зоран Заев, ќе си има министер за надворешни раобти. Очекувам да работиме дома, истакна Заев по завршување на конститутивната седница на Собранието.

Мојата лична верба, рече тој, но и на раководството на СДСМ и на нашатга коалиција е втората сериозна гаранција за четири успешни години.

-Верувам дека ќе раснеме во квалитетот за живот на нашите граѓани и ова е сериозна гаранција покрај бројките кои мора да бидат секако стабилни за четиригодишен мандат, истакна лидерот на СДСМ додавајќи дека големата бројка може да биде постигната и со ДУИ и со Алијанса и со Алтернатива.

Тој најави дека во новата влада ќе бидат укинати министрите без ресор, ветување од предизборната кампања.

– Ветивме во самата кампања дека министрите без ресор кои што се до крај министри без ресор ќе ги скратиме. Тоа значи дека министрите коишто се бираат без ресор, а се сектор за европски прашања и потпретседател на Влада за економски прашања се на разгледување, но сите други ќе се намалат.

Државата по Законот за Влада има 16 министерства, дополнително тие што беа 26 ќе бидат намалени како министри во Владата, истакна Заев.

Тој изрази уверување дека ќе создадат стабилна Влада која што ќе трае четири години, која што ќе се зафати со проблемите дома, пред се со правдата и економијата.

– Јас сум многу среќен после сите историски одлуки што ги донесовме, а тоа е решен проблем со Бугарија, решен проболем со Грција, Северна Македонија е членка на НАТО, Северна Македонија по 15 години доби одлука за почеток на преговори и од претседавачот Германија, преку канцеларката Ангела Меркел, е најавено дека до крајот на годината за време на германското претседателство ги отвараме првите поглавја. Го донесовме Законот за употребата на јазиците, ја смиривме етнички душата на нашата заедничка земја, успесите коишто ги постигнавме на меѓународен план беа пропратени со сериозни успеси на домашен план, потенцираше лидерот на СДСМ.

Тој нагласи оти е убеден ден успесите и плодовите од тие успеси ќе ги жнеат сите граѓани поднеднаково на нашата земја.

– Успесите се дефинирани на крајот со суперлативи во делот на зборовите од целиот свет. Апсолутно за мене најголемиот суперлатив го дадоа граѓаните, рече Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 16:02