Децата одат во групи на училиште, родителите ги носат само до врата, таму каде не се можни групирања на дневно ниво, една група ученици три дена одат на настава , а другите денови друга група и обратно, вака охриѓанката Александра Лаброски, која 7 години живее и работи во Англија, го објаснува образовниот процес во земјата каде последните години се наоѓа.

– Децата ги носиме само до влезoт од училиштето,од каде ги превземаат учителките. Од нив добивме ветување дека покрај тоа што ќе внимаваат на личната хигиена на децата, ќе одржуваат дистанца меѓу нив, што набрзо се покажа дека е неизводливо.Веднаш се поделија во мали групи кои не се мешаат едни со други. Иако наставниците не носат маски, ниту едно дете не заболи од коронаворус, бидејќи свеста кај народот е на многу високо ниво,објаснува Лаброски за Алфа.

Таа не верувала дека системот ќе може веднаш да се прилагоди и да не се почувствува прекин во образованието.

-Никој не очекуваше дека за толку брзо време ќе можат да се снајдат и да направат еден многу добар терк за учениците да не се почувствуваат дека се изолирани просто. Имаше помали школи кои не можат да организираат т.н балони, па имаа направено да речеме три дена во неделата една група, па другите 3 дена другата група, вели Лаброски.

Родителите два пати во денот можат да ги носат децата на спортување. На училиште не одат само децата кои имаат одредени заболувања и тие учат онлајн. Наставата во групи вчера ја посочи како можна солуција и ВМРО ДПМНЕ. Од партијата нагласуваат дека свесни за „неспособноста на СДСМ да се справи и со образовната стагнација“ во насока на помош за државата посочуваат неколку предлог модели како да се продолжи со наставата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 17:22