Откако денеска одговарајќи на новинарски прашања по завршување на конститутивната седница, претседателот на СДСМ Зоран Заев му порача на Али Ахмети дека премиер не се станува со 15 пратеници, лидерот на Алијансата не чекаше долго за да во иста мера му возврати на Заев.

- Ниту со 46 пратеници, не се станува премиер. Во оваа ситуација, на сите инволвирани страни им е потребна смиреност, мудрост и да размислуваат за највисоките интереси на државата. Можам да кажам дека ДУИ е фактор на стабилност во земјата. Ние внимателно ги анализираме ситуациите, нема да брзаме, истакна Ахмети во изјава за весникот Коха.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 23:52