Вечниот претседател и долгогодишен пратеник во Собранието Тито Петковски, во денешното гостување во емисијата на Канал 5 „Само вистина“ истакна дека лидерот на ДУИ не е случајно повикан во Хаг и ја спореди ситуацијата со Шешељ кој прво беше викнат како сведок а потоа стана обвинет и осуден српски политичар.

-Луѓето велат за време на избори и на риболов се лаже најмногу. Така тие сега признаваат дека би направиле концесија, но сега има дру елемент. Ахмети е повикан на Хаг како сведок. Но така беше и со Шешељ – го повикаа како сведок па го осудија. Немам никакви информации, но кога Хаг повикува сведоци повикува луѓе кои учествувале во разни дела против човештвото, посочи Петковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 23:52