Италијанската актерка Франка Валери, позната комичарка, почина денеска на 100-годишна возраст во нејзиниот дом во Рим.

– Таа почина во сон, девет дена откако го прослави 100-тиот роденден, изјави нејзината ќерка, оперската пејачка Стефанија Бонфадели за „Кориере дела сера“.

Во годините по војната, таа беше меѓу првите жени која глуми во комедии. Италијанците ја обожаваа особено во периодот меѓу 50-тите и 70-тите години на минатиот век, кога таа играше улоги прво на радио, а потоа и на телевизија и во филмови.

Италијанскиот претседател Серџо Матарела испрати телеграма со сочувство во која вели дека Валери е сестрана и многу талентирана, популарна актерка која ќе остане во срцата на Италијанците.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/08/2020 03:38