И покрај корона-кризата и неизвесностите околу светската кинематографија, данскиот хорор „Breeder“ (Одгледувач) се продава во сѐ повеќе земји во светот.
Според продуцентите, филмот е веќе продаден во скандинавските и балтичките земји, Германија, Велика Британија, Италија, Португалија, Русија, Јапонија, Тајван, Индија и цела Југоисточна Азија.
Првото прикажување на филмот е закажано за 31 октомври.