Аронијата како плод започна да се одгледува последниве години, но за прв пат во селото Србица кичевско. Сега го има и во другите делови на Кичево, така што во ова село се засадени околу 500 садници, со тенденција значително да се зголеми производството бидеќи во тој случај би се субвенционирало од Владата, дознаваме од сопственикот на засадената парцела Дритон Бектеши.

– Наскоро се очекува да имаме доволно локално производство на аронии за потрошувачка, но и за извоз. Бидејќи аронијата не е нападната од многу инсекти и други штетници, таа обично се одгледува како био-органски производ и без употреба на пестициди, вели одгледувачот Дритон Бектеши.

Зголемениот интерес за одгледување на оваа овошје се должи на исклучителните својства на овошјето, лесната обработка и хемискиот состав, кои ја прават аронијата супер-медицинско овошје.

– Од сите познати овошја аронијата има најголема антиоксидантна активност. Со конзумирање аронија го чистиме нашето тело од слободни радикали со чудна ефикасност, додаде Бектеши.

Од она што го научив досега, објаснува Бектеши, овошјето аронија се смета за функционална храна, заштитувајќи го здравјето од артериосклероза, срцев удар, дегенеративни заболувања на нервниот систем и го успорува процесот на стареење.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2020 04:21