На денешната средба со Сојузот на стопански комори премиерот Зоран Заев најави стабилност и предвидливост во следниот период и нови мерки за стопанството и за граѓаните.
Најави период од четири години во кој, како што рече, нема да има вонредни парламентарни избори.
– Државата е стабилна и постои за да им помага на граѓаните и на стопанството и да биде најдобар сервис на граѓаните. Предвидувањата се дека во следните шест до осум месеци кризата ќе продолжи и целиот овој период мора да го поминуваме заедно бидејќи заедно сме посилни и помудри. Во такви околности почнуваме со дискусија и дебата за креирање нови пакети за економијата и за граѓаните. Владата е стабилна, коалицијата е силна, изградена на основа на вредности и ја испраќа пораката на предвидливост што е важно за секоја компанија бидејќи предвидливоста значи доволна храброст да се туркаат сите процеси. Најавуваме период од четири години каде нема да има вонредни парламентарни избори што е важно за плановите на компанниите, изјави Заев пред средбата со бизнисмените од Сојузот на стопански комори.