Стапката на невработеност од 16,7 отсто е евидентирана во вториот квартал од оваа година, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци бројот на невработени во овој квартал изнесува 159 623, додека бројот на вработени 793 416. Активното население во земјата брои 953 039.
Стапката на активност во вториот квартал изнесува 56,5 отсто.
Објавените податоци укажуваат на зголемување на стапката на невработеност во однос на првиот квартал кога изнесуваше 16,2 отсто.
Во апсолутни бројки презентирано тоа значи дека околу 17.700 вработени го загубиле работното место во вториот квартал годинава, односно од вкупно вработени 811 илјади лица во првиот квартал, од април до јуни, нивниот број се намалил на речиси 794 илјади лица.