Американската глумица ги критикуваше новите правила за Оскарите, оценувајќи ги како „крајно левичарски“.

„Ова е срамота за уметниците насекаде… Можете ли да замислите да му кажувате на Пикасо што требало да има на неговите е**** слики. Вие, луѓе, го изгубивте умот! Контролирање уметници, контролирање на индивидуалната мисла… ОСКАР ОРВЕЛ“, напиша таа на Твитер.

За да има право да се натпреварува за главната награда на американската Академија за филмски уметности, филмот во иднина ќе мора да исполнува најмалку два стандарда во овие четири категории: „Претставителност, теми и наративи“, „Креативно лидерство и тимска работа“, „Достапност и можности“ и „Градење публика“. Специфични критериуми се утврдени во рамки на секоја категорија. Наложените препораки се дел од напорите на Академијата да поттикне застапеност на помалку застапените групи, вклучувајќи тука жени, расни малцинства, ЛГБТ заедницата и луѓе со попреченост. Новите правила нема да стапат во сила до 2024 година.

Во коментарите потоа, холивудската ветеранка ги отфрли обвинувањата на следачите дека е расистка и шовинистка, а овие правила ги нарече и „анти-уметнички“ и диктаторски.

„Холивуд, ти ‘се нишаш’ толку крајно лево, така што веќе се удираш со главата во г**от“, прокоментира Али. Инаку, таа е позната како глумица со остар и донекаде вулгарен јазик.

Сепак, таа тука неколкупати нагласи дека не е против разнообразноста и отворените можности во филмот, но не на сметка на слободата на избор и уметничко изразување.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2020 16:57