Одбојкарски клуб „Ускана“ од Кичево, засилено продолжува скоро месец дена со подготовките за новата сезона на националното првенство во одбојка за жени.
- Нашиот клуб покрај тоа што започна со подготовки за новата сезона пред извесно време , ние од денеска започнавме и со регистрација на млади одбојкарки од разни возрасти односно категории кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, вели претседателот на клубот Башким Мехмеди.
Целта е како релативно млад клуб оваа сезона ќе биде, подостоинствено претставување во националното првенство затоа што сметаме дека сега постепено ја земаме физиономијата на сериозен клуб, смета Мехмеди.
- Столбот на тимот е зачуван и тоа одбојкарски кои никнале претежно во нашиот клуб , но ќе се обидеме да донесеме некое евентуално засилување, иако и вака сме подготвени да направиме достоинствени натпреварувања во новиот шампионат, но свесен сум дека многу работи ќе зависат и од финансиските средства што ќе ги имаме на располагање како клуб, додава Мехмеди.