Играчот за врска на Баерн, Кингсли Коман, ќе го пропушти натпреварот од 1. коло во Бундеслигата против Шалке, се наведува на официјалната веб-страница на клубот од Минхен.

Дваесет и четиригодишниот Французин е дома во самоизолација по контакт со лице кое имало позитивен тест за коронавирус.

Резултатот од тестот на Коман беше негативен.

Натпреварот Баерн – Шалке ќе се одржи на 18 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 14:06