Комисија за спроведување на постапката за доделување на високо ефикасни инвертер клима уреди од општина Кичево, бара од сите оние кои добиле надоместување на трошоците за набавка на уредите за 2020 година, да ги инсталираат до средината на октомври.

– Сите баратели на субвенции, кои ги исполниле критериумите според јавен повик за надоместување на трошоците за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди, согласно Правилник за субвенционирање на граѓаните во првата фаза од постапката, втората фаза, односно инсталирањето на уредот, треба да ја завршат до 15 октомври 2020 година, вели претседателката на Општинската комисија Емилија Петкоска.

Сето тоа во насока на сериозност, ефикасност и ефективност на целиот проект и кон доделување на субвенции на баратели кои реално планираат почетокот на грејната сезона да го направат на најеколошкиот начин, што е целта на овој проект.

– Сите баратели на субвенции, кои нема да донесат документи за втората фаза во архива на Општина Кичево ќе бидат одбиени, објасни Петкоска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 16:10