Британските глумци Емилија Кларк и Метју Смит ги разгореа гласините дека се во врска откако беа сликани заедно во лондонската населба Сохо.

Папараци на „Дејли Мејл“ ги фотографирале ѕвездата од „Игра на престолите“ и глумецот од „Нулти пациент“, како по вечера во познат ресторан во населбата, излегуваат заедно од него.

Тие двајцата глумеа во филмот „Терминатор: Почетоци“ (Terminator Genisys), од 2015 година.

Обожавателите на Емилија Кларк годинава ќе може да ја погледнат во хоророт „Murder Manual“, а Метју Смит ќе глуми во филмовите „His House“ и „Lungs“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 16:28