Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со амбасадорот на Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.

На средбата министерот Бочварски го информираше амбасадорот за капиталните проекти што се дел од големиот инвестициски циклус во изградба и унапредување на целокупната инфраструктура во државата.

Министерот ги потенцираше проектите за изградба и реконструкција на патната мрежа во Република Северна Македонија. Амбасадорот се запозна и со проектите кои во следниот период се утврдени во Програмата на Владата а се однесуваат на доизградба на железницата на Коридор 8, гасификацијата и проектите во комуналната сфера.

-Денешната работна средба со амбасадорот ја искористив да го запознаам со инфраструктурните проекти како дел од владината програма 2020-2024 година, динамиката на реализација и нивното значење за регионот. Во разговорот посебен фокус ставив на железничката и патната инфраструктура. Упатив отворена покана до сите компании од Шпанија кои се заинтересирани да ја пријават на јавните повици за овие проекти, изјави министерот Бочварски.

Бочварски изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во натамошниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2020 16:34