Официјалната веб-страница на Формула 1 спроведе истражување меѓу навивачите за да се открие која е најдобрата трка според нив досега во сезоната 2020 година.

Според резултатите од гласањето, првото место со огромна предност го зазеде италијанското Гран-при кое го освои Пјер Гасли. За трката во Монца својот глас го дадоа убедливи 56 проценти од навивачите кои учествуваа во истражувањето.

Второто место на гласањето го зазеде неодамна одржаното Гран-при на Тоскана во „Муџело“ – за него гласаа 21 процент од учесниците.

Од остатокот од трките ниту една не освои повеќе од 10 проценти од гласовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2020 23:24