Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина.

Во четвртфиналето, попладнево Србинот го надигра Германецот Доминик Кепфер со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Каспер Руд од Норвешка.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 3,4 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2020 18:49