Женскиот пингпонгарски тим од Пингпонгарски клуб “Крива Паланка” оствари значајна победа на денешниот прволигашки натпревар против тимот на Кавадарци.
Дерби натпреварот што се одржа во спортската сала “Јасмин” заврши со резултат 4:2 во корист на паланчанки.
Горди сме на нашата екипа за остварената победа денес во дерби дуелот против квалитетниот состав на кавадарчани. Тимот во состав: Ана Стојановска, Амелија Уце, Сара Стојановска, Деспина Ристовска и Сара Стојановска оствари втора победа во сезоната, во овој есенски дел, по победата на првиот меч, што во четвртокот го игравме на домашен терен, против тимот на Берово. Во недела не очекува следниот натпревар во распоредот, против Струмица,за којшто ќе се подготвуваме веќе од утре, изјави Роберт Стаменковски, тренер на женскиот тим на ПКК “Крива Паланка”. На почетокот на сезоната убедлива победа оствари машкиот, второлигашки, тим на клубот, против екипата на ППК “Куманово”.
Стаменковски е играч во машкиот состав, а покрај него во тимот настапуваат и Александар Јакимовски и Антонио Крстевски, а куриозитет во составот е членувањето на Ана Стојановска во истиот, нешто што е дозволено првпат сезонава.