Со целовечерен концерт кој во пациото на битолскиот Музеј ќе го изведе македонскиот џез гитарист Владимир Четкар, вечер во Битола завршува 12. издание на фестивалот „Музика од светот“.

Во пресрет на вечерашниот концерт Четкар, охриѓанецот кого од поодамна го препознава светот, изјави дека за него настап пред македонската публика е како враќање дома.

Концерот на џез гитаристот Четкар почнува во 19:30 часот и тоа е последна фестивалска содржина од тридневниот фестивалски викенд во Битола на кој настапија камерниот оркестар со познати солисти, група актери го изведоа перформансот „Патеки“, а во офф-програмата учствуваа ConTruDj.

-Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет. Ние ги поддржуваме нашите уметници затоа што само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ја споивме со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, а сепак создаден дома, истакна Маја Андоновска-Илијевски директорка на НУ Центар за култура-Битола.

Фестивалотот „Музика ос светот“ се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и компанијата „Кромберг & Шуберт“ во овој град.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 12:42