Уметникот Никола Пијанманов ја постави скулптурата „Штркот и змијата“ во селото Колешино за да испрати порака за зачувување на животната средина во овој дел од државата.

Скулптурата е од рециклирано железо и е поставена на карпа од автентично поднебје.

-Оваа праслика, која ја прикажува вечната борба на доброто против злото, се случува во човека внатре, во одаите на длабоката размисла и битот на животот. Силната волја за правичност треба да се случи и по цена на смрт! Оттаму, силната желба на авторот, да ни укаже што појарко и понепосредно, се восплотува во скулптура, која како што вели и самиот автор е „самиот миг пред напад“. Исходот од битката не е прикажан, не се знае кој ќе победи, но токму тоа го активира човечкото битие без страв да застане на страната на светлината, напиша актерот и еко-активист, Стојан Велков-Трн.

Скулптурата е поставена од Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен“ од Струмица во рамки на институционалниот грант добиен преку програмата за јакнење на граѓанското општество-ЦивикаМобилитас“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка спроведуван од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2020 14:48